ензим | м.

Органски азотни соединенија на живите клетки што овозможуваат да се вршат хемиски реакции во физиолошки услови на киселост, температура и притисок.

енигма | ж.

Нешто што е загадочно, таинствено, што останува неразјаснето.

енигматика | ж.

Составување и решавање загатки.

енигматичар | м.

Тој што се занимава со составување и со решавање загатки.

енигматичен | прид.

Составен од загатки.

Енисеј | м.

Река во Русија.

енклава | ж.

Дел од територија, регион, подрачје издвоено од сопствената и вклучено во друга држава.

енклитика | ж.

Збор без свој акцент што се поврзува при изговорот во акцентска целост со претходниот акцентиран збор (татко ми – таткоми).

енолог | м.

Специјалист за вино.

енологија | ж.

Наука за производство и за чување вино; винарство.