ендезе | ср.

Мерка за должина еднаква на 65 цм.; лакот.

ендек | м.

Окоп, прокоп, ров.

ендем | м.

Редок вид растение или животно што живее, што е распространето само во определена област.

ендемичен | прид.

Што има карактер на ендемија. Ендемична треска.

ендемија | ж.

Заразна болест предизвикана од несоодветни услови за живот или од други причинители што се јавува постојано во некоја област.

ене | чест.

За посочување и за истакнување на предмети, појави и на настани во непосредна близина. Ене го детето на улица. Ене, се појави месечината.

енергент | м.

Извор на енергија.

енергетика | ж.

Дел од физиката што ги проучува својствата на енергијата.

енергичен | прид.

Активен, оној што дејствува со интензитет; она што е со поголем инензитет. Енергичен човек. Енергична постапка.

енергија | ж.

Својство на материјата да врши движење. Светлинска енергија. Топлинска енергија. Сончева енергија.