епика | ж.

Еден од литературните родови (покрај лирика и драма), кој се карактеризира со опширно и објективно раскажување на некоја случка или настан без да се внесуваат субјективни чувства. Народна епика. Јуначка епика.

епилепсија | ж.

Болест што се манифестира со ненадејни напади на тресење и со губење на свеста.

епилептичар | м.

Лице болно од епилепсија.

епилептичен | прид.

Што има знаци на епилепсија. Епилептични напади.

епилог | м.

(лит.) Поговор, завршен дел од некое литературно дело, еден вид заклучок. Оваа книга нема епилог.

Епир | м.

Област во Грција.

епископ 1 | м.

Лице од повисок ред во хиерархијата на православната црква што раководи со свештениците во едно црковноадминистративно подрачје; владика.

епископ 2 | м.

Проекциски апарат што ја прикажува сликата на непровиден предмет на рамна површина (екран).

епископат | м.

Сите епископи на црквата на една земја.

епископија | ж.

Црковна област под управа на епископ.