Етрурија | ж.

Древна држава на Апенинскиот Полуостров.

еуфемизам | м.

Употреба на поблаг збор или израз за нешто лошо, непријатно, грубо или непогодно за дадена ситуација (на пр. не ја кажува вистината наместо лаже, си го зеде господ наместо умре).

еуфонија | ж.

Милозвучност, хармонија на звуците.

еуфоричен | прид.

Што се однесува на еуфорија, што е во состојба на еуфорија.

еуфорија | ж.

(мед.) Болна состојба со субјективно зголемена возбуда, ведро расположение и безгрижност кај болните.

Еуфрат | м.

Река во Месопотамија, Азија.

ефект | м.

Резултат од работа, последица од извршување на некакво дејство или процес. Работен ефект. Очекуваше да го види ефектот на своите зборови.

ефектен | прид.

Што предизвикува внимание, впечатлив, силен, уверлив. Вчера ти ни одржа ефектен говор. Ефектна сценска изведба.

ефектива | ж.

Тоа што се има, со што се располага во моментот (обично во пари, готовина).

ефективен | прид.

Што дава ефект, добар резултат, реален, вистински. Ефективна работа. Ефективна вредност.