женсковина | ж.
женскост | ж.
Множеството особини што го прават полот и природата на жената (привлечност, нежност, чувствителност, женственост и др.).
женскотија | ж.
Множество женски лица во семејството или во некоја друга средина; жени. Неговата невеста му ја наполни куќата со женскотија.
женствен | прид.
Што е својствено за жените, што е како кај жените, што има типични женски карактеристики. Женствена фигура. Женствен изглед.
женштина | ж.
женштија | ж.
жерав | м.
Птица преселница со светлосиви пердуви, населена покрај бари и мочуришта; Grus grus. Есента замина со жеравите.
жерави се | несв.
Се метка, се вртка, се наоѓа во немирна состојба, се движи во сите правци. Говедата се жеравеа, заразени од жабица.
жерсе | ср.
Вид ткаенина што служи за изработка на облека; трико. Таа носеше елегантен костум од најквалитетно жерсе.
жертва | ж.