жесток | прид.
Што е суров, безмилосен, бездушен, нечовечен. Тој е жесток човек. Жесток непријател.
жетва | ж.
Жниење и собирање на житото. Ќе одиме на жетва.
жетвар | м.
Лице што жние жито, што ја извршува жетвата. Со жетварите ќе влеземе в село.
жетвен | прид.
Што се однесува на жетвата, што се одвива во времето на жетва. Жетвени работи.
жетон | м.
Метална или пластична тркалезна плочка што заменува пари (во некои хазардни игри, во автомати и сл.). Некои момчиња фрлаа жетони во автоматите што светкаа.
жешко | прил.
Жешко ми е. Многу ли е жешко?
жешти се | несв.
Се загрева, се усвитува. Песокта се жештеше од сонцето.
жештина | ж.
Висока топлина на воздухот; горештина. Беше скоро Петровден, сезоната на жештини.
жи- | претс.
Во заколнувања: жими – да ми е (се) жив (жива, живо, живи) жими мајка, жими татко, жими децата; жити – да ти е (се) жив (жива, живо, живи) жити мајка, жити татко, жити децата.
жив | прид.
Што живее, што не е мртов; што спаѓа во животинскиот или во растителниот свет. Од сите само тој останал жив. Живо суштество. Жив организам. Живи риби. Живи растенија. Жива природа.