жовијален | прид.

Што има ведар дух, што е весел.

жожор | м.

Нејасен говор, врева, џагор; шум на вода, глас на инсект и сл.

жожори | несв.

Прави, шири жожор.

жожорлив | прид.

Што издава, што прави жожор.

жолна | ж.

Птица сродна со клукајдрвецот, која гради гнездо во шуплините на дрвото и се храни со инсекти; Picus martius. Жолни се збираа на гранките.

жолт | прид.

Што има боја на лимон, на жолчка, на злато. Жолта дуња. Жолто цвеќе. Жолта светлина.

жолтевина | ж.

Жолта боја, жолтило.

жолтее | несв.

Станува постепено жолт; добива жолта боја. Лисјето жолтеат. Тоа платно од сонцето брзо жолтее.

жолтеникав | прид.

Што преминува во жолт, што има нијанса на жолт. Жолтеникава хартија.