жолти | несв.

Бојосува со жолта боја.

жолтикав | прид.

жолтило | ср.

Жолта боја, обоеност, жолта нијанса. Жолтило на лицето.

жолтица | ж.

(само едн.) Болест на црниот дроб при која се јавува жолтило на кожата, на видливата слузница и на белките поради продирањето на секретот од жолчката во крвотокот. Жолтицата ја лечеше за четиринаесет дена со толчен лук. Жолтицата е заразна болест.

жолтичав | прид.

Што е болен од жолтица. Тој беше жолтичав.

жолткав | прид.