жуберка | несв.
Жубори по малку, во помала мера; жубори. Од лево одеше испресечен дол и по него жуберкаше бистро поточе.
жуберкав | прид.
Што жуберка, што има својство да жуберка. Ги слушав ноќните жуберкави води.
жуберлив | прид.
Што жубори, што создава жубор. Седна покрај жуберливата река.
жубор | м.
Шум што го создава водата. Го слушам жуборот на изворите.
жубори | несв.
Произведува жубор (за вода и други течности; за човечки гласови, за птици и сл.). Пролетните води жубореа.
жуборка | несв.
Жубори по малку, во помала мера; Чешмичкава жуборка тивко, заглушено и еднолично.
жуборлив | прид.
Што жубори, што создава жубор. Од сите страни навеваше жуборлива музика.
жуга | несв.
Тера посилно во својот развој, заживува; Зародиш на смев почна да жуга во мене.
жугне | св.
(за растенија) Живне, потера посилно во својот развој. Пченицата жугна. На дрвото жугнале две фиданки.
жудлив | прид.
Што има горчливо-киселкав вкус што ја собира устата. Испив голтка вино од жудливо грозје.