забадијала | прил.

Бесплатно, без надомест. Цел ден работеше забадијала.

забае | св.

Почне да бае; бае Само што забаја бабата, детето ги отвори очите.

забазди | св.

Почне да базди. Од визбата забазди на скапано.

забакари | св.

Почне да бакари. Не ја забакарил работата како што треба.

забамка | св.

Почне да бамка;

забан | м.

Дел од некогашната селска машка или женска горна облека од сукно, со ракави или без нив. На рамото ги префрли забанот и торбата и тргна нагоре. Пазарџиите беа облечени во забани и антерии.

забандори | св.

Почне да бандори. Тој забандори нешто и не ме остави намира.

забанџија | м.

Лице што изработува забани. Тој беше прочуен забанџија во градот.

забар | м.

Лекар за болести на забите; заболекар, стоматолог.