заблее | св.

Почне да блее; Одненадеж заблеа јагне и ме исплаши. Трипати заблеав како некоја овца.

заблеска | св.

Почне да блеска; Долгата сабја заблеска на сонцето. Солза му заблеска во очите.

заблескоти | св.

Почне да блескоти. Сонцето повторно заблескоти.

заблесне | св.

Блесне силно, одеднаш. Неговиот поглед заблесна како молња.

заблест | прид.

заблести | св.

Почне да блести. Заблестија преспите нерастопен снег. Му заблести светложолтата коса.

заблика | св.

Почне да блика; Од носот му заблика крв. Тој заблика од радост.

заблиска | св.

Почне да блиска. Заблиска со водата уште посилно.

забло | м.

Тој што има големи заби. Не сакаше да му викаат забло.

заблуда | ж.

Лажна, погрешна претстава или мислење за нешто или за некого. Се надеваа дека ова е само момент на заблуда. Тој бил жртва на романтичарски заблуди.