задиви | св.

Направи некој да стане како див; Ги задиви децата и сега не му доаѓаат.

задига | св.

Почне да дига. Тој ги задига рацете нагоре. Таа го задига фустанот и загази во водата.

задигла | ж.

Начин на везење, вид бод при везење.

задими | св.

Пушти дим некаде. Оџакот задими.

задирлив | прид.

Што сака да се задира; Задирливи деца.

задишан | прид.

Што дише тешко и забрзано од умор, од возбуда и сл. Влезе внатре сиот црвен и задишан. Седеа во сеното малку задишени

задише | св.

Почне да дише слободно, без тешкотија. Малку по малку се ослободив и задишав со отворени гради. Тој ја распетла кошулата и задиши длабоко.