задлаби | св.
Почне да длаби; длаби Мајсторот задлаби со длетото по површината на дрвото.
задлабочен | прид.
Што е внесен, вникнат во нешто. Задлабочено внимание. Нè посматраше со задлабочен израз на лицето.
задлабочи | св.
задлаби_2
задник | м.
Долниот заден дел од телото на човекот; заден дел од животно; газ. Тој падна на задник наземи. Скокна како нешто да го боцнало во задникот. Го удираше магарето по задникот.
заднина | ж.
Нешто што се наоѓа одзади; заден дел од нешто. Стоеше во заднината од дуќанот.
задница | ж.
задник_1
задова | несв.
задоволен 1 | прид.
Што сеќава задоволство од нешто постигнато, од исполнета желба и сл. Задоволни деца.
задоволен 2 | прид.
На кој му е исполнета желбата, потребата и сл. Задоволени деца. Задоволени барања. Задоволени желби.
задоволи | св.
Направи задоволство некому со нешто. Тие со својата работа го задоволија чорбаџијата. Играта на нашите фудбалери ја задоволи публиката. Во циркусот најмногу нè задоволија слоновите со своите атрактивни точки.