закрвавен | прид.
Што е вцрвенет од крв, крвјосан. Закрвавени очи.
закрвави | св.
Почне да крвави. Раната повторно закрвави.
закрви се | св.
Се скара, се раскара до крв. Тие се закрвија за неколку ниви.
закрди | св.
Одведе добиток на пладнување. Овчарот го закрдил стадото под дабот.
закрева се | несв.
закрежи (се) | св.
закрека | св.
За жаба – почне да крека. Од барата закрекаа жаби.
закрене се | св.
Тргне на пат со определена намера, по определена работа, задача. Се закренал по сите роднини да ги кани на свадба.
закрепа | ж.
закрепи | св.
Придржи, за извесно време, некого или нешто да не падне. При излегување од колата возачот го закрепи старецот. Тие ја закрепија вратата што се скрши да не падне.