закрепне | св.
Зајакне, се поврати од нарушена во нормална здравствена состојба. Тој закрепна по неколку дена.
закрепник | м.
Заштитник; покровител. Капетанот беше негов закрепник.
закрепнувачки | прид.
Што има сила, моќ да закрепне, да зајакне. Закрепнувачко дејство.
закрепостен | прид.
Што е зависен, потчинет. Закрепостени селани.
закрепости | св.
Направи некого крепосник, кмет. Го закрепостија најстариот човек во селото.
закреска | св.
Почне да креска; креска. Од дрвото закреска сојка.
закриви | св.
Искриви малку. Таа ја закриви сликата додека ја бришеше.
закрие | св.
Покрие малку, донекаде. Ги закри голите раменици со свилен шал.
закрила | ж.
Грижа за некого; заштита, покровителство. Децата растеа без мајчина закрила. Тој беше под закрила на државата. Патуваа под закрила на ноќта.
закрили | св.
Заштити, згрижи некого. Мајката ги закрили своите деца.