закркоти се | св.

Почне да се кркоти, да се кикоти; се. Тие гласно се закркотија.

закрми | св.

Почне да храни стока со крма. Ја закрми стоката со брашно и со трици.

закрои | св.

За алишта – почне да крои. Таа закрои нов фустан.

закрпен | прид.

Што е зашиен со парче ткаенина или само со конец. Закрпени панталони.

закрпи | св.

За распарано и скинато – со крпење, со шиење поправи оштетена облека. Кошулата му беше закрпена близу јаката.

закрсти се | св.

Почне да се крсти. Влезе во црквата и се закрсти.

закружи | св.

Почне да кружи; кружи. Мршојадците закружија пониско над земјата.

закрцка | св.

Почне да крцка. Вратата закрцка. Тој закрцка со забите.