закрши | св.
Почне да крши нешто; крши Тој ги закрши сувите гранки со нозете.
закубе | св.
Почне да кубе; Таа си ги закуба косите и заплака.
закука | св.
За кукавица – почне да кука. Во блиската шума закука кукавица.
закуќи | св.
Стекне куќа, дом. Тој остана в село и таму куќа закуќи.
закукурига | св.
За петел – почне да кукурига. Петелот замавта со крилјата и закукурига.
закуп | м.
Привремена употреба, користење на нешто (обично недвижен имот) со однапред договорена цена. Земјата ја даде под закуп. Договор за закуп.
закупен | прид.
Што се однесува на закуп. Закупна цена.
закупец | м.
Тој што зема нешто под закуп. Закупецот го купи имотот за половина цена.
закупи | св.
Зее под закуп. Таа закупи две ниви, сака да сади тутун. Го закупивме најголемиот ресторан во градот.
закупник | м.