инати се | св.
инаугурација | ж.
Свечено отворање или откривање.
инаугурира | св. и несв.
Свечено отвори, отвора некоја установа, седница и сл. Таа вечер, тој го инаугурира фестивалот посветен на џезот.
инвазија | ж.
Непријателски пробив во некоја земја со цел да се освои, да се окупира; наезда. Изврши инвазија.
инвалид | м.
Човек што е телесно оштетен (во војна, при вршење на својата работа, во несреќен случај и сл.) и станал делумно или целосно неспособен за работа. Инвалиди на трудот. Воен инвалид.
инвалидизира | св. и несв.
Направи, прави некого инвалид.
инвалидитет | м.
Состојба во која се наоѓа инвалидот; немоќност, неработоспособност.
инвалиднина | ж.
Парична помош што ја добива инвалидот; инвалидска пензија. Тој живееше само со илјада денари месечна инвалиднина.
инвектив | ж.
Погрден израз, навреда; прекор, напад со пцости
инвентар | м.
Попис на целокупниот имот, пред сè на подвижниот, со назнака на вредноста на предметите.