инвентаризација | ж.

Попис и контрола, преглед на инвентарот.

инвентаризира | св. и несв.

Направи, прави попис на инвентарот; изврши инвентаризација.

инвентивен | прид.

Што се одликува со творечки дух, што создава и пронаоѓа нешто ново, што има нови идеи; досетлив, креативен.

инвенција | ж.

Способност за откривање, за пронаоѓање, творечка фантазија; досетливост. Од ученикот се бара поголема инвенција при раскажувањето, зашто раскажувањето е креативна активност.

инверзија | ж.

Преместување, префрлување, превртување.

инвестира | св. и несв.

Вложи, вложува средства, капитал во некоја работа, во претпријатие, наука, култура и сл.

инвеститор | м.

Лице или организација, претпријатие итн. што инвестира во нешто. Оваа година очекуваме да вложат во нашата земја повеќе странски инвеститори.

инвестиција | ж.

Вложување капитал, средства во некоја работа. Најголема инвестиција за оваа година.

ингениозен | прид.

Што е неверојатно духовит, остроумен, досетлив, способен, талентиран. Тоа е навистина ингениозно решение.