ингеренција | ж.
Влијание, надзор над нешто; посредување, учество во некоја работа. Во нашата држава премиерот има најголеми ингеренции.
Инд | м.
Река во Индија.
индекс | м.
Попис, список, регистар по определен ред на поими, имиња и на други податоци во книгите. Индекс на користена литература.
индивидуа | ж.
Секое одделно живо суштество; единка. Секоја индивидуа е неповторлива приказна за себе.
индивидуален | прид.
Што е својствен, карактеристичен за една индивидуа. Индивидуален стил. Индивидуален придонес.
индивидуализам | м.
Принцип според кој поединецот има право да ги става своите интереси над интересите на колективот; издвојување на поединецот во општеството.
индивидуализација | ж.
Изделување, издвојување на одредена личност од колективот, на појава или предмет според определени карактеристики. Кај овој писател се забележува отпорот кон претераната индивидуализација на ликовите.
индивидуализира | св. и несв.
Одвојува некого или нешто од другите според определени особености.
индивидуалист | м.
Лице што е приврзаник на индивидуализмот.
индивидуалистички | прид.
Што се однесува на индивидуализам и на индивидуалист.