индустријалец | м.
Сопственик на индустриско претпријатие.
индустријализација | ж.
Индустриски развој, процес на воведување фабричко производство место дотогашното ситно рачно производство.
индустријализира | св. и несв.
Воведе, воведува индустријализација.
инервација | ж.
Пренесување на дразбите од централниот нервен систем до органите преку нервите.
инертен | прид.
Што е без иницијатива, тромав, мрзлив, пасивен.
инерција | ж.
(физ.) Својство на телото да ја задржи својата состојба на мирување или на рамномерно праволиниско движење.
инженер | м.
Лице со високо техничко образование. Градежен инженер. Машински инженер. Шумарски инженер.
инженерија | ж.
Род во војската што се занимава со технички и градежни работи.
инженеринг | м.
Дејност на специјалисти врз целокупната разработка и изведба на некој проект (градежен, индустриски, технички итн.).
инженерство | ср.
Високо техничко образование, студии за инженер.