инкубација | ж.
(мед.) Периодот од заразувањето до појавата на првите симптоми на болеста.
инкубационен | прид.
иновативен | прид.
Што е склон кон иновирање, кон воведување на иновации.
иноватор | м.
Лице што воведува иновации.
иноваторство | ср.
Дејност на иноваторот, активности за воведување на иновации.
иновација | ж.
Тоа што е воведено како ново во некоја област; новина. Технолошки иновации. Графички иновации. Јазични иновации.
иноверен | прид.
Што е од друга вера. Се наоѓаа во политичко ропство на иноверен господар.
иноверец | м.
Лице што припаѓа на друга вера, на друга религија. Таа се омажи со иноверец и ја заборави својата вера.
иновира | св. и несв.
Воведе, воведува нешто ново. Направија обид да ја иновираат уметничката поезија со нови поетски облици.
инокосен | прид.
Што нема доволно работна сила во домаќинството; сам, осамен. Во инокосните семејства имало случаи при породувањето да помага и мажот.