инороден | прид.
Што припаѓа на друг народ, што е туѓ. Повеќе инородни групации се нашле во словенска средина.
инсан | м.
Човек. Не е инсанот мравка, па да го газиш.
инсект | м.
Ситна животинка од родот на членконогите (мрава, мува, пчела, комарец и др.); бубачка.
инсектариум | м.
Заграден простор со стакло или со метална мрежа во кој се чуваат или се одгледуваат инсекти заради проучување на нивниот живот.
инсектицид | м.
Хемиско средство за уништување на штетните инсекти.
инсерт | м.
Куса белешка во весник, информација на радио, телевизија, исечок, дел од филм, книга и сл. Беа прикажани неколку филмски инсерти.
инсинуација | ж.
Изнесување измислени податоци и смислени лаги за некого заради клеветење; подметнување. Тој го навредуваше градот со инсинуациите за подмитливост на луѓето на високи функции.
инсинуира | св. и несв.
Направи, прави инсинуација, подметне, подметнува некому нешто.
инсистира | св. и несв.
Настои, настојува на нешто, упорно истакнува нешто. Вујко ми многу инсистираше да останам уште еден ден. Во наставата, треба постојано да се инсистира на правилната употреба на личните заменки.
инскрипција | ж.
Запишување; ставање наслов, натпис. Грчко-римските надгробни инскрипции ги претставуваат настаните опишани во Новиот завет, а има и цитати од светите книги.