избира | несв.

Прави избор, Народот в недела ќе избира пратеници за новиот парламент. Таа со часови избираше чевли.

избирач | м.

Тој што избира, што прави избор.

избирачки | прид.

Што се однесува на избирач. Избирачки списоци.

избирлив | прид.

Што многу избира, пребирлив.

избирок | м.

Тоа што останало откако се одбрало подоброто, остаток по извршен избор.

избистри се | св.

Стане бистар, се исчисти. Водата во изворот се избистри. Бебето се избистри во лицето. Погледот му се избистри.

избичи | св.

Исече греди, трупци и сл. целосно, до крај; Аврам ги избичи тополите.

избледи | св.

Стане блед, губи од интензитетот на бојата. Кошулата избледела.

изблејува | повр.

За овца ‒ испушта карактеристичен звук, блее одвреме навреме. Во трлото изблејува по некоја овца.