избезуми | св.

Направи да биде безумен, без ум, извади од ум. Ги избезуми родителите кога почна да се дрогира.

избезумувачки | прид.

Што предизвикува избезумување, што доведува до избезумување. Избезумувачки поглед. Избезумувачки изглед.

избелее | св.

Обели сосема, целосно, го губи интензитетот на бојата;

избележи | св.

Запише сè со ред.

избели | св.

Направи нешто да стане бело; бели Новиот детергент убаво ги избели алиштата.

избербатен | прид.

Што е нечист, валкан. Избербатени сокачиња. Избербатени раце.

избербати | св.

Направи да биде валкан, нечист. Детето ги избербати алиштата играјќи со кал.

избере | св.

Врши, прави избор; избира. Советот избра нов директор. Избравме подарок. Таа избра фустан за вечерната забава.

избива | несв.

избие | св.

а) Се појави, излезе на површина. Младите стебленца избија на површината. б) Се пробие напред, стигне на некое место. Најпосле избил во првите редови. Изутрината избивме на некоја рамнина.