изблик | м.

блик. Тап пукот на грлото на шишето, потоа изблик на жолта пенлива течност.

изблика | св.

Истече силно, во големо количество, блика. Од неговиот нос изблика крв.

избликне | св.

Потече силно, наеднаш. Од чешмата наеднаш избликна студена вода.

изблиска | св.

Излие силно, наеднаш. Девојчето изблиска вода по дворот.

изблуе | св.

Поврати, исплука. Луѓето изблуја сè што изедоа на ручекот.

избоде | св.

Напаѓачот го избоде со нож војникот. Волот ја избоде со роговите кравата на комшиите.

избор | м.

Избирање и резултат од избирање. Тоа е мојот избор.

изборен | прид.

Што се однесува на избор. Изборен штаб. Изборно собрание. Изборна единица. Изборни резултати.

избори | св.

Извојува, постигне нешто со борба. Синовите наши ја изборија слободата. „Вардар“ избори солидно место во средината на првата лига.

избоцка | св.

Боцка во голема мера; Тој го избоцка детето со брадата гушкајќи го.