Ирско Море | ср.

Море меѓу островите Велика Британија и Ирска.

ис- | претс.

исав | м.

(само едн.) м. Милост, милосрдие. Море, без душа, без исав човек.

исавлија | прид.

Што е милосрден, што има милост. Турци беа, ама исавлии.

исаска | св.

Каже нешто со шепот, неразбирливо; промрмори. Тој исаска нешто неразбирливо.

исвири | св.

Заврши со исполнувањето мелодија на некој инструмент; Ги исвири сите мелодии од својот репертоар.

исвирка | св.

Исмее некого гласно, изрази негодување со свирежи. Присутните го исвиркаа говорникот.

исврдли | св.

Со сврдел направи една или повеќе дупки.

исврши | св.

Заврши, направи многу работи.

исе | ср.

Дел. Си го испи исето.