изведувач | м.

Тој што изведува некоја работа, проект и сл. Изведувачот на градежните работи е една локална фирма.

извее | св.

Чисти жито од плева на ветер; Попладнето ја извејавме сета пченица.

извежба | св.

Стекне вештина во нешто со редовно повторување на определена работа, со вежбање. Ја извежба добро својата улога во претставата.

извежбан | прид.

Што е добро обучен, што стекнал одредена вештина. Извежбана војска.

извезе 1 | св.

Со везење изработи нешто; заврши со везење. Девојката извезе невестинска кошула.

извезе 2 | св.

Изнесе, продаде во друга држава сопствен производ, капитал и сл. Нашата земја извезе вино во странство.

извесен | прид.

Што го знаат сите, за што имаат сознание. Стана извесна инвазијата на непријателот. Сè поизвесно е неговото доаѓање во земјата.

извести | св.

Јави вест некому, соопшти, поднесе извештај за некаков настан. Тој извести за постигнатата спогодба. Агенциите известија за последните настани на Блискиот Исток.

известие | ср.

Известување, извештај. Доби известие од катастарот за состојбата со земјиштето.