изгази | св.
Стапне, згази се со ред, целосно; гази Го изгази снегот околу куќата.
изгаси | св.
За оган, светлина ‒ направи нешто да престане да гори или да свети. Огнот одамна изгаси. Ветрот одамна ја изгаси свеќата.
изгасне | св.
изгине | св.
Изгуби живот сите до еден, многумина. Таму изгинаа сите.
изглади | св.
Да ги изгладат односите меѓу двете земји.
изгладнет | прид.
Што е многу гладен, прегладнет. Изгладнети деца.
изгладни | св.
Направи некој да биде гладен. Децата изгладнеа играјќи цел ден во дворот.
изгласа | св.
Изврши гласање; Парламентот го изгласа законот.
изгласи се | св.
изглед | м.
Тоа што се гледа однадвор, надворешен лик, одраз на нешто. Таа внимаваше на својот изглед. Надворешниот изглед на куќата ги задоволи купувачите.