издание | ж.

Печатено дело, текст (книга, списание, весник итн.) во определен тираж како производ на издавачка дејност. Прво издание. Вонредно издание. Јубилејно издание. Библиофилско издание. Книгата е издание на Институтот. Нашите изданија се продаваат во сите книжарници. Во денешното издане на „Нова Македонија“ е објавен конкурсот за вработување.

изданок | м.

Фиданка, млада гранка што расте од пресечено место, или отпосле на коренот или стеблото. Коренови изданоци.

издарува | св.

Дарува сè, до крај колку што имало за дарување; дарува повеќемина, сите.

издателство | ср.

Издавачко претпријатие;

издаток | м.

Давачка, трошок. Месечни издатоци за храна.

издвои | св.

Двои нешто настрана, одделно од другите, од целината; двои, издели 2., одвои. Полицаецот издвои двајца од патниците.

издејствува | св.

Постигне, добие нешто со определено залагање, настојување. Тој издејствува мала пензиичка. Судијата издејствува помилување за обвинетиот.

издекламира | св. и несв.

издели | св.

Подели сè, сето количество, даде секому определен дел. Тој им го издели лепчето на другарите што беа со него.