издупчи | св.
Бомбите ја издупчија фасадата на куќата како решето.
издутне | св.
издуши | св.
Истисне воздух од нешто што било полно со воздух: бели дробови, балон и сл. Го издуши балонот. Го издуши човекот со силниот удар во гради.
изеде | св.
Со јадење потроши до крај, целосно; јаде. Сите тројца изедоа по една риба. Мачката ги изеде јајцата од седелото. Лисицата им ги изела кокошките.
изедина | ж.
Прва четвртина од месечината. На црното небо немаше веќе месечина туку изедина од месечина.
изедначен | прид.
Што е ист со нешто друго, со некој друг. Изедначени плати. Жените одеа со изедначени чекори.
изедначи | св.
Постави повеќе работи, луѓе во ист ред на вредности, направи да биде еднакво тоа што било нееднакво. Тој ги изедначи примањата на работниците од иста смена. Домашната екипа изедначи пред крајот на првото полувреме.
изедник | м.
Тој што многу јаде, ненаситен, лаком.
изеслив | прид.
Што сака и може многу да јаде; ненаситен.
изесник | м.