издроби | св.

Со дробење иситни нешто до крај, целосно; дроби Ја издроби зелката.

издрпа | св.

Грубо истрга, истегне, влечејќи и кинејќи; Кучињата го издрпаа скитникот.

издрпанко | м.

Тој што е издрпан, развлечен, искинат. Издрпанко и бескуќник.

издрсне | св.

Извади црева и друго надвор од телото. Го издрснаа човекот.

издршка | ж.

Осигурување на средства за живот. Тој си ја обезбеди издршката преку стипендија. Семејната издршка ја презеде тој.

издува | св.

Со дување исчисти, прочисти нешто: нос, славина, чеп; чибук, луле и сл. Го издува носот.

издудне | св.

За конец и сл. ‒ излезе, извлече од местото, од ушите на иглата; издене. На чиракот двапати му се издудна конецот додека ги шиеше копчињата.

издума | св.

Изговори, проговори, искаже нешто. Две думи што издума.

издупи | св.

Направи дупка во нешто. Молци ја издупиле јамболијата. Ќе издупиме пушкарници во ѕидот.