излетник | м.

Тој што оди на излет, тој што е на излет.

излечив | прид.

Што може да се излечи (многу често негирано). Неизлечива болест.

излив | м.

а) Ненадејно изливање на течност од местото каде што била претходно. Ненадејниот излив на реките од речните корита доведе до поплави на полињата под житни култури. б) Нагло изливање на секрет или друга течност на жив организам, крв, жолчка и сл. Излив на крв во мозокот.

излигави | св.

Направи да биде лигав, валкан од лиги. Детето го излигавило чоколадото и го оставило.

излиже | св.

а) Со лижење изеде целосно, до крај. Децата го излижаа сладоледот. б) Со јазикот помине по некоја површина. Загарот му ги излижа рацете на својот господар.

излитен | прид.

Што станал лит, ветов. Излитени панталони.

излити | св.

За ткаенина и сл., се излиже од употреба, стане лито, со ретко ткаење. Детето ги излити панталоните на колената.