измеси | св.
Со месење обработи тесто, тестен производ. Фурнаџијата убаво го измеси лебот и го стави да се пече.
изместен | прид.
Што не е на своето место. Изместена линија. Изместен зглоб. Изместена фиока.
измести | св.
Премести, помести од неговото постојано место. Малку го изместивме креветот да не биде до ѕидот. Мајсторите ги изместиле ќерамидите поправајќи го оџакот.
измет 1 | м.
Несварени состојки од храна што се исфрлаат преку дебелото црево како непотребни, штетни; гомно, лепешка и др.
измет 2 | м.
Само во изразот: Чини, прави измет некому ‒ се грижи за некого.
измете | св.
Исчисти со метла некаква површина (плоштина) остранувајќи го ѓубрето или какви и да било странични предмети од неа. Девојчињата го изметоа дворот. Станарите од зградата го изметоа снегот од тротоарите.
изметиште | ср.
Место каде што се исфрла смет, буниште.
изметка | св.
Замрси конци, заплетка преѓа. Жените сновејќи го изметкаа преденото.
изметне се | св.
Личи, потсетува на некого, на родител, на близок роднина; се истера. Целиот се изметна на татка си.
изметок | м.
измет2. Предвреме родено дете или младо од животно.