изнаака | св.
Наака, натрупа во голема мера; изнатрупа. Изнаака дрва на огинот. Изнаака снег до колена.
изнабања се | св.
Се избања многу, доволно; Децата се изнабањаа цел ден во реката.
изнабара | св.
Изнајде сè што требало да се најде; Тој од некаде ги изнабара книгите што му требаа за испит.
изнабележи | св.
Набележи многу нешта, сè со ред. Ги изнабележи сите работи што требаше да се купат.
изнабели се | св.
Се набели во голема мера, многу. Се изнабели, се изнацрви и задоволно се погледа во огледалото.
изнабере | св.
Набере во доволна количина (овошје, цвеќе и сл.) Изнабравме круши еден куп.
изнабоде | св.
Набоде повеќепати, на повеќе места. Изнабоде неколку мевца на виљушката и му ја подаде на детето.
изнаболедува се | св.
Се наболедува многу.
изнабоцка се | св.
Набоцка повеќепати, на повеќе места. Се изнабоцка берејќи капини.
изнабрка | св.
Избрка, набрка сите до еден. Ги изнабрка сите деца од дворот.