изнаброи се | св.
Изброи многу, во голем број.
изнабута | св.
Напика, набута во нешто. Ги изнабута книгите во ранецот. Затворениците ги изнабутаа во сточни вагони.
изнавади 1 | св.
Извади многу, во голема количина. Изнавадивме моркови за цела недела.
изнавади 2 | св.
Полее доволно или сè со ред; Добро ја изнавади бавчата.
изнавари | св.
Навари многу, во голема количина. Изнавари ракија и за себе и за на пазар. Изнаварија манџи за свадбарите.
изнавезе | св.
Навезе многу, во доволна количина. Изнавезе чаршафи и пернички за ќерките за чеиз.
изнавика | св.
Викне, покани во голем број; Изнавика гости за свадбата на синот.
изнавитка | св.
Навитка, намота многу, во голема мера, целосно. Ја изнавитка косата на виклери. Изнавитка еден голем појас околу половината.
изнавози | св.
Навози, надонесе со возење многу, доволно, во голема количина. Денеска изнавозија снопови од нивата до гумното, утре ќе жнеат.
изнавреди | св.
Навреди многу, во голема мера некого или многумина. Пијаниот ги изнавреди присутните.