изнуди | св.
Постигне нешто со сила, под притисок. Грабнувачите на авионот изнудија гориво од аеродромските власти.
изнудувач | м.
Тој што изнудува.
изобеси | св.
Обеси сè што било за бесење. Ги изобеси низалките тутун да се сушат.
изобилен | прид.
Што го има во изобилство, многу. Изобилен род. Изобилно јадење.
изобилие | ср.
изобилство | ср.
Големо количество од нешто. Во шумата имаше печурки во изобилство.
изобилува | несв.
Има нешто во голема мера, во изобилство. Градското пазариште изобилуваше со земјоделски производи. Програмата изобилува со рекламни прилози.
изоблече | св.
Облече некого добро, убаво. Ја изоблекоа старата да не настине.
изобличен | прид.
Што се изобличил. Изобличено лице.
изобличи | св.
Смени облик на нешто, направи да биде без вообичаениот облик, нагрди, изопачи. Старицата го изобличи ликот од бес.