идеолог | м.

Тој што создава, развива некаква идеологија. Идеолог на Народноослободителното движење.

идеологизира | св. и несв.

Внесе, внесува прекумерно или непотребно идеологија во нешто, во некоја дејност.

идеологија | ж.

Систем од филозофски, политички, правни, морални погледи, идеи што ги изразуваат интересите и односите на општествените класи и слоеви. Класна идеологија. Национална идеологија. Идеологија на социјализмот. Борба на две идеологии.

идила | ж.

Поетска творба што го опишува мирниот, спокоен живот на луѓето, животот исполнет со задоволства што ги дава природата, недопрена од цивилизцијата, пасторалниот живот. Селска идила. Зимска идила.

идиличен | прид.

Што има својства на идила; мирен, спокоен. Идилична поезија. Расказот изобилува со идилични моменти. Идиличен пејзаж. Идилична младост.

идиом | м.

Затврден зборовен состав, израз што има специфично значење, својствено за определен јазик, и не може буквално да се преведе на друг јазик, фразеолошки израз.

идиоматика | ж.

Севкупност од идиоми, фразеолошки изрази на определен јазик;

идиот | м.

(мед.) Тој што е малоумен, што страда од идиотизам.

идиотизам | м.

(мед.) Најтежок степен на малоумност, вродена или стекната во раното детство; ментална заостанатост.