идиотски | прид.

Што е својствен на идиот Идиотски израз на лицето.

идиотштина | ж.

Идиотско однесување, идиотски постапки, крајна глупост. Идиотштината ја разнебити организацијата.

иднина | ж.

Време што ќе настапи, што претстои; минато. Блиска иднина. Верба во иднината. Тој чувствуваше неодреден страв од иднината. Претскажувачи на иднината. Борбата водена во минатиот век е борба за иднината.

идност | ж.

Време што настапува, што доаѓа по сегашноста.

идол | м.

Предмет, фигура и сл. што е симбол на виша сила, и поради тоа е предмет на обожување. Не прави идол или слика на она што е горе на небото. Статуата се крши на парчиња, идолот се симнува од пиедесталот. Стојам како дрвен идол без здив.

идолопоклоник | м.

Поклоник на идоли; многубожец.

идолопоклонство | и.

Почитување, клањање пред идоли.

из | предл.

Само во изразот Ден из ден – од ден на ден.