изрони | св.
Одрони, поткопа земја, камења и сл. Водата ја изрони браздата. Играјќи си, децата ги изрониле камењата од потпорниот ѕид.
изрти | св.
Се појави од земјата, никне, 'рти сè што било за 'ртење. Семето изртило.
изруча | св.
Изеде ручек, јадење до крај; Слатко го изручавме зелникот.
изудави | св.
Удави во голем број, сите до еден. Ги изудави сите мачиња во реката.
изулави | св.
Направи некој да биде улав. Го изулави детето со многу ќотек.
изум | м.
Тоа што е измислено како резултат на умствена работа; пронајдок. Комбајните се релативно нов изум и постојано технички се усовршуваат.
изуми | св.
Заборави, исчезне од помнењето. Таа изуми дека е недела и дека дуќаните се затворени.
изумира | несв.
изумре | св.
Умре не оставајќи никакво потомство. Тие сите изумреа, не остана никој во големата куќа. Многу животински видови изумреле.
изурне | св.
Разруши, урне сосема, до крај. Децата ги изурнаа оградите од плитари.