изусти | св.

Изрече, изговори, испушти глас. Таа изусти само неколку зборови и замолче засекогаш.

изутрина | прил.

Утре наутро. Утре изутрина ќе одиме в град.

изутрина | ж.

Рано наутро, утро. Секоја изутрина одеше за вода на селската чешма. Од изутрина не се чувствувам добро. Изутрина, уште ранорано во муграта, тој стана. Во понеделникот изутрината тој се вратил дома.

изучен | прид.

а) Што е добро научено. Изучениот материјал не се заборава лесно. б) Што е добро проучен.

изучи | св.

а) Со учење усвои нешто добро, научи. Тој го изучи англискиот јазик. б) Проучи нешто.

изџвака | св.

Со џвакање доволно издроби и размекне (храна). Едвај го изџвака сувото лепче.

иј | изв.

Иј, што убава мома! Иј, каков си! Иииј!

ика | несв.

Отсечно и не сакајќи, поради контракции на дијафрагмата, испушта карактеристичен звук.

икавица | ж.

Појава, состојба на икање. Никако не можеше да ја запре икавицата.

икебана | ж.

Традиционална јапонска вештина за аранжирање цвеќиња и гранчиња во согласност со определени правила.