икиндија | ж.

(арх.) Трета дневна молитва кај муслиманите (во попладневните часови, пред зајдисонце).

икне | св.

Тој икна и замолче.

икона | ж.

Слика на Христос, Богородица, на светец или слика со религиозно сиже, изработена (обично на штица) според правилата и обичаите на православната црква.

иконарник | м.

Куќен иконостас, место во куќата каде што стојат иконите.

иконичен | прид.

Што се состои од слика, што претставува слика; што се изведува од слика. Иконичен знак. Иконично значење.

иконоборец | м.

Лице што е приврзаник на иконоборството; иконокласт. Климент ја изнесува победата на Кирила над иконоборците.

иконоборство | ср.

Движење во VIII и IX век во Византија изразено преку борбата против почитувањето на иконите.

иконограф | м.

Лице што се занимава со иконографија.

иконографија | ж.

Научна дисциплина што ги проучува, толкува и ги опишува уметничките дела од областа на сликарството и вајарството според нивните типични атрибути, симболи и други ознаки.