икрам | чест.

Почитување, Среќен човек, сите му правеа икрам ‒ го почитуваа и го слушаа.

икс | м.

Назив на буквата ,,х“ во латинската азбука.

иктиза | ж.

Потреба, нужда. Сега ми дојде голема иктиза да ти кажам сè, затоа ти пишувам.

ил | м.

Глина. Илот (глината) практично не ја пропушта водата.

ила | прил.

иле | ср.

илегала | ж.

Илегалност, илегалство; Во услови на затворски живот, на илегала, нормално е што не се приведени некои основни податоци за весникот. Партијата помина во илегала.

илегален | прид.

Што не е легален, што не е во согласност со законот; незаконит.

илегалец | м.

Лице што се занимава со илегална политичка дејност; член, активист на илегална организација.