иконолатрија | ж.
Страсно, слепо обожавање на икони и на слики на светци.
иконом | м.
Лице што раководи со нечиј имот или стопанство (приватно, манастирско, воено итн.); економ.
икономиса | св.
Штеди, заштедува нешто. Тоа е сета моја сиромаштија за Велигден што си ја бев икономисал.
икономџија | м.
Човек што штеди многу; штедливец.
иконопис | м.
Сликање икони.
иконописец | м.
Лице што се занимава со иконопис; зограф.
иконопоклоник | м.
Човек што ги почитува и им се поклонува на иконите.
иконостас | м.
Преграда украсена со икони што го одделува олтарот од другиот дел на црквата.
иконче | ср.
икра | ж.
Рибини јајца.