Илир | м.

Припадник на древен народ на Балканскиот Полуостров.

илјада | ж.

Број десет пати поголем од сто, а се означува со цифрата 1000. Илјада денари.

илјадагодишен | прид.

Што има илјада години; што трае многу долго. Илјадагодишниот чинар.

илјадакратно | прил.

Што е илјада пати поголемо, посилно или помало, послабо. Сакаше да има стократно, илјадакратно поголема сила за да ја совлада високата планина пред него.

илјадалетен | прид.

Што има илјада години, што трае илјада години. Над селото се простирала голема илјадалетна гора.

илјадалетие | ср.

Временски период од илјада години.

илјадамина | бр.

Група од илјада лица од машки пол или во мешан состав.

илјадапати | прил.

Илјада пати; премногу пати. Ваков живот е полош, илјадапати полош! Илјадапати ти викнав, ама ти не ме слушна.

илјадарка | ж.

Банкнота од илјада парични единици. Да ми ја превртиш сета немаштија, нема да собереш една илјадарка.