илјаден | бр. прид.
Што е по кој знае кој пат, што е во голем број. Виновен ли сум? ‒ за илјаден пат се прашува тој. Напразно тие се вслушуваа во полугласното пеење на некој црквен тропар што отец Симеон го пееше можеби за илјаден пат во својот живот.
илјадит | бр. прид.
илјадници | прил.
Со илјади; во многу голем број. Толку го сакам што постојано го прегрнувам и го бакнувам илјадници пати.
илјаџија | м.
илје | ср.
Измама со инаетење, т. е. непризнавање дека нешто погрешно се сторило, тврдејќи дека така е исправно. Не сакам илје, ми е страв да не ми тргне на лошо работата.
иловица | ж.
Вид смолеста глина. Обичната црница не е мрсна и непропустлива како иловицата.
илузија | ж.
Нереално восприемање на нештата, при што тие изгледаат поинаку во споредба со стварноста.
илузионизам | м.
Филозофско сфаќање според кое светот е само илузија, а вистината, убавината и моралот се лажни.
илузионист | м.
Приврзаник на илузионизмот.
илузионистички | прид.
Што се однесува на илузионизам и на илузионист.