импрегнира | св. и несв.

Натопи, натопува (ткаенина), намачка, намачкува (дрво и др.) со заштитно средство од влага, вода, киселини итн.

импресарио | ср.

Лице што уредува и организира концерти, претстави и сл.

импресивен | прид.

Што остава и предизвикува силен впечаток; впечатлив. Имаше навистина импресивен настап.

импресија | ж.

Впечаток, претстава, влијание што го врши нешто (книга, слика, музика, пејзаж и сл.) врз некого. Часот го завршуваме со искажување импресии здобиени со читањето на драмското дело.

импресионизам | м.

Уметнички правец во Европа од крајот на XIX век кој се стреми кон слободно изразување на непосредните субјективни впечатоци и расположби од доживеаното и виденото.

импресионира | св. и несв.

Остава силен впечаток. Сакаше да ја импресионира со своето кавалерско однесување.

импресионист | м.

Приврзаник на импресионизмот во сликарството.

импресионистички | прид.

Што се однесува на импресионист и на импресиони Многу сликари се определуваат за импресионистички ликовни решенија.

импресум | м.

Податоци во книга, списание и сл. за издавачот, уредникот, местото, годината на издавањето итн.

импровизатор | м.

Лице што импровизира, што изведува нешто без претходна подготовка. Најдобри импровизатори се професионалните народни пејачи и раскажувачи.