импровизација | ж.

Изведба без претходна подготовка и план. Квалитетот на импровизацијата зависи од мајсторството и талентот на исполнувачот.

импровизира | св. и несв.

Создаде, создава без претходна подготовка; изведе по сеќавање, спонтано. Ги развеселуваше своите другари додека импровизираше сцени од разни претстави и филмови.

импулс | м.

Поттик, внатрешна побуда, движечка сила да се постигне нешто. Хонорарот го предлагаме не како единствен импулс за работа, туку повеќе како признание за неа.

импулсивен | прид.

Што е предизвикан од импулс. Импулсивни движења.

импутира | св. и несв.

Обвини, обвинува, припише, припишува некому неоправдано вина, подметне, подметнува обвинение неоправдано. Околу неа почнаа да се плетат интриги, ѝ импутираа недоличности од секаков вид.

имун | прид.

(мед.) Што е отпорен на болести, што има имунитет.

имунизација | ж.

Создавање вештачки имунитет.

имунизира | св. и несв.

Создаде, создава вештачки имунитет. Ветеринарите ги имунизираа кучињата против беснило.

имунитет | м.

(мед.) Природна или здобиена отпорност на организмот на разни заразни болести или на определени отрови.

имунолог | м.

Лице што е стручно во областа на имунологијата.