магистрален | прид.

Што се однесува на магистрала. Магистрален пат.

магистранд | м.

Тој што се подготвува за магистер.

магистрат | м.

(истор.) Во стариот Рим ‒ лице што има висока државна служба.

магистратура | ж.

Степен на образование; магистер.

магистрира | св.

Заврши постдипломски студии, добие степен магистер.

магичар | м.

Лице што се занимава со магија.

магичен | прид.

Што има својства и дејство на магија. Магичен предмет.

магла | ж.

Згусната водена пареа што се создава ниско во атмосферата и ја намалува видливоста. Од густата магла не можеше да си го најде патот за дома.

маглив | прид.

Обвиен, исполнет со магла. Маглив ден.

магличав | прид.

Што е обвиен со слаба магла; замаглен. Врвовите од планината беа магличави.