наблажнува | несв.

Има, покажува малку благ вкус. Кајсиите наблажнуваат, ама уште не се зрели.

наближи | св.

Дојде близу, се приближи до нешто. Наближија до езерото. Наближавме кон градот.

наблизу | прил.

Во близина, не далеку. Наблизу имало урнатини.

наблиска | св.

Испрска со вода, со течност.

наблиску | прил.

набљудува | несв.

Внимателно гледа некого или нешто. Ја набљудуваше додека излегуваше од продавницата. Го набљудуваше метежот на улицата.

набљудувач | м.

Тој што набљудува.

набљудувачки | прид.

Што се однесува на набљудување, на набљудувач. Набљудувачки дух. Набљудувачка мисија. Набљудувачко место.

набљудувачница | ж.

Место или објект од кој се врши набљудување. Артилериска набљудувачница.

набобне | св.

Нарасне, се исполни со сок, со влага, набабне. Набобнале пупките. Зрната набобнале.